Дома Живот Денес на 8. ноември се празнува големиот христијански празник Свети Димитриј во...

Денес на 8. ноември се празнува големиот христијански празник Свети Димитриј во народот познат како Митровден

44
0

Денес на 8. ноември се празнува големиот христијански празник Свети Димитриј во народот познат како Митровден

Именден празнуваат: Димитар, Митре, Митко, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.

За овој ден постои верување. Спроти Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи. За Митровден исто така се верува дека предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“, слава.

На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои го носат името на Свети Димитрија на овој ден слават именден, кој се прави навечер.

За многу години!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име