Дома Позитив на денот Денес е Бадник, голем православен празник пред денот на Христовото раѓање

Денес е Бадник, голем православен празник пред денот на Христовото раѓање

1191
0

Православните верници денес го одбележуваат празникот Бадник, денот пред Божиќ.

Познатата поговорка вели:

Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си!

Ова ја означува симболиката на празнувањето, целото семејство да биде заедно. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Традицијата налага семејството на Бадник да се собере на заедничка вечера на богата, но посна трпеза. Обичај е најмалиот во семејството со погача да затропа на врата и на прашањето кој е, да каже “Дојде Бадник на вечера” или се отвора прозорот и домаќинот ги кажува зборовите “Дедо Боже дојди да вечераме”.

Во погачата се става паричка, таа се крши и се смета дека тој што ќе го најде паричето, ќе има среќа цела година. Обичај е по вечерата, трпезата да не се крева. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани.

Според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се бдее до полноќ, да се дочека Христовото раѓање.

Што треба да има на трпезата?

На бадниковата трпеза која е посна треба да има лепче со паричка која се смета дека носи здравје и среќа за целата година. да има и посно гравче, посна сарма, суви пиперки, туршија, печена тиква, компот, варена пченица.

Може да направите вкусна посна баклава како и посни колачиња.

Ставете на трпезата и бадникови гранчиња, жито, свеќи, овошје и суво овошје. Среќен Бадник….

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име