Светите бесребреници Кузман и Дамјан (Козма и Дамјан) во народот познати како Свети Врачи наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност.
Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Кузман и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име.
Според една легенда родени се во Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоиле во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.
Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…
За многу години!