Дома Психолошки совети Да, ВИСТИНА е! Слушањето музика ја ублажува физичката болка и депресијата и...

Да, ВИСТИНА е! Слушањето музика ја ублажува физичката болка и депресијата и го намалува крвниот притисок

635
0

Да, ВИСТИНА е! Слушањето музика ја ублажува физичката болка и депресијата и го намалува крвниот притисок

Музиката може да дејствува терапевтски и да ја спречи болката, според истражувањето спроведено на канадскиот универзитет Мекгил.

Резултатите од истражувањето , објавени во списанието „Frontiers in Pain Research“, сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор кој може да ја ублажи болката.


– Слушањето омилени песни може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста, додека непознатите песни немаат таков ефект – открил главниот автор на студијата Дариус Валевичиус, кој ги тестирал ефектите на бројните мелодии на 63 луѓе.


Тој исто така додаде:

  • Грубо можеме да процениме дека омилената музика ја намали болката за еден поен на скала од десет. Односно, делуваше исто како и лек против болки без рецепт.


Научниците го направиле тестот така што на рацете на учесниците ставиле термичка средина која го загревала тој дел од телото до степен на болка. Испитаниците слушаа песни избрани сами, оние што ги избраа истражувачите, а трета група не слушаше музика.

  • Омилената музика што сами ја избраа учесниците во студијата имаше многу поголем ефект врз намалувањето на акутната болка отколку релаксирачката, но непозната музика – рече Валевичиус.

А претходните истражувања покажаа дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок.

Така, во 2012 година, Центарот за истражување на болка на Универзитетот во Јута објави хипотеза дека музиката може да го премести когнитивниот фокус подалеку од болката.

Некои претходни истражувања покажаа дека музикотерапијата може да ја намали потребата од лекови до 50 проценти.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име