Дома Позитив на денот Дарувајте крв, спасете животи!

Дарувајте крв, спасете животи!

888
0

На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.

Воедно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски. Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво.

Безбедна крв и крвни производи и нивна трансфузија се клучни во грижата за населението и јавното здравје. Доброволните дарители на крв спасуваат милиони животи и го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на многу пациенти на дневна основа. Потребата за крв е универзална, но пристапот до крв за сите оние на кои им е потребна не е. Недостаток на крв е особено присутен во земјите во развој. За да се осигури дека секој што има потреба од безбедна крв има пристап до неа, сите земји имаат потреба од доброволни, неплатени донатори кои редовно даруваат крв.


Овогодинешниот слоган на Светскиот ден на крводарителот е „Дарувајте крв, спасете живот“. Пораката ја нагласува важноста на дарителите на крв во зачувувањето на животот и заздравувањето и претставува глобален повик до сите луѓе редовно да даруваат крв и да придонесуваат за здравјето.

По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија беше организиран Трет Форум за доброволно крводарителство, кој се одржа во периодот од 11-13.06.2021 година во Струга.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име