Ако спиењето на стомак е вашата омилена и најудобна положба, постојат работи кои можат да ја олеснат оваа поза. Спиењето на стомак може да го намали ‘рчењето и ризикот од апнеја при спиење , а кога имате потешкотии со дишењето додека спиете, може да се појават физички проблеми кои ќе влијаат на вашиот живот.
Истражувачите од клиниката Мајо веруваат дека спиењето на стомак може да создаде проблеми со грбот. Болката во грбот е многу честа бидејќи поголемиот дел од тежината е центриран во средината на телото. Кога спиеме на стомак, тешко е да се задржи ‘рбетот во неутрална положба што му е потребна, и затоа има голем притисок во грбот , според Bustle.
Бидејќи ‘рбетот е поврзан со многу нерви, тоа може да биде голем удар за остатокот од телото и може да предизвика стрес и оптоварување на вратот и зглобовите и да создаде вкочанетост и пецкање, според Дејли мејл .
Риши Лоати од Британското здружение на хиропрактичари дополнително објасни за истиот весник дека спиењето на стомак е „најлошата можна положба за мускулите поради начинот на кој дишете бидејќи главата и вратот ви се свртени на една страна со часови“. А тоа, според истражувањето на клиниката Мајо, може да доведе до низа други проблеми.
Ако сте бремени, веројатно веќе ви е доста од луѓето да ви кажуваат што можете, а што не можете да правите. Сепак, спиењето на стомак може да биде проблематично дури и во раните месеци од бременоста. Најдобро е трудницата да спие на страна бидејќи тоа промовира здрав проток на крв и обезбедува оптимално снабдување со кислород. Исто така, бебето има многу повеќе простор за движење.
Спијте на што е можно потенка перница
Ако спиењето на стомак е вашата омилена и најудобна положба, постојат работи кои можат да ја олеснат оваа поза. Обидете се да користите што е можно потенка перница или спијте без перница. „Поголемите перници можат да го повлечат вратот наназад и да предизвикаат болка во вратот и да предизвикаат непријатност во долниот дел на грбот“, објасни ортопедскиот хирург Роко Монто за списанието Health.
Исто така, луѓето кои спијат на стомак треба да имаат поцврст душек кој ќе обезбеди одредена стабилност на ‘рбетот . Ако спиете на мек душек, вашиот ‘рбет ќе направи поголем лак, што може да доведе до болка.