Дали се чувствувате грозно и слабо на енергија за време на студените денови? Постои решение – еве што треба да направите
Повеќето луѓе се чувствуваат згрчено и слабо на енергија во текот на зимските денови. Експертите велат дека тоа не е знак на болест, туку недостаток на сончева светлина, а со тоа и на витамин Д, кој е многу важен за целиот организам.
Ако сте меѓу оние кои страдаат од недостаток на енергија во текот на зимата , треба да усвоите неколку здрави навики за да бидете продуктивни и задоволни во овој мрачен период.
Прошетка
За време на студените денови има помалку дневна светлина што очекувано го нарушува ритамот на спиење и будење. Бидејќи надвор е темно, телото произведува повеќе мелатонин (хормонот за спиење), што нè прави поспани. Држете ги ролетните или завесите горе во текот на денот и обидете се да поминувате што повеќе време на дневна светлина. Дури и мала попладневна прошетка после ручекот може да ви ја зголеми енергијата, да го намали крвниот притисок и да го подобри вашето расположение.
Спијте доволно
Недостатокот на сон прави да се чувствувате уморни следниот ден, но премногу сон исто така ве тера да се будите грогирани наутро. Обидете се да одите во кревет секоја вечер во исто време, да се будите во исто време и да „стремите“ да спиете осум часа навечер.
Вежбајте во текот на денот
Кога немате доволно енергија, вежбањето е веројатно последното нешто на ум, но здравата доза на утринско вежбање ќе ослободи ендорфин и ќе направи да се чувствувате подобро. Ако можете, вежбајте доцна попладне бидејќи тоа ќе го намали вечерниот замор и ќе ви помогне да спиете подобро. Заради општо здравје, обидете се да вежбате најмалку 150 минути неделно.
Обрнете внимание на исхраната
Избегнувајте да јадете слатки за брзо засилување на енергијата: за момент ќе се чувствувате одлично, но тоа ќе биде краткотрајно и наскоро повторно ќе имате желба за слатки. Со јадење овесна каша наутро, ќе добиете витамин Б, кој ќе помогне храната побрзо да се претвори во енергија и да му обезбеди на вашето тело јаглехидрати, кои полека се разградуваат, па ќе бидете посити подолго време.
Порција риба за ручек ќе го разбуди мозокот со омега-3 масни киселини, кои имаат и антиинфламаторни својства, а овошјето попладне ќе ви помогне да избегнете пад на енергијата.
Проверете дали сте анемични
Иако студените денови се синоним за безволност и ниска енергија, треба да знаете дека некои медицински состојби можат да предизвикаат замор, како што се синдромот на хроничен замор или анемија. Доколку заморот ве спречува да функционирате нормално и да ги извршувате секојдневните активности, треба да посетите лекар.