Дома Психолошки совети Дали сакате да ја зголемите моќта на мозокот? Помирисајте кафе!

Дали сакате да ја зголемите моќта на мозокот? Помирисајте кафе!

728
0

Придобивките од кафето во форма на пијалок се зголемуваат од ден на ден, но еве уште добри вести за љубителите на овој популарен пијалок, но дури и за оние кои не пијат кафе, но можат да го мирисаат само, со цел да постигнат повисока продуктивност. Според новото истражување на Институтот за технологија Стивенс, само мирисот на кафе може да ви обезбеди когнитивна стимулација.
Студијата, објавена во „журнал за еколошка психологија“, не само што ја истакнува скриената моќ на мирис, туку открива и дека мирисот на кафе има сличен ефект како пиењето кафе, што укажува на тоа дека мирисот на кафе е исто како и пиењето.

Истражувачкиот тим подели 100 студенти по деловна активност во две групи и секоја група одговори на 10 испитни прашања. Едната група го полагала тестот во миризлива просторија со мирис на кафе, а другата група го полагала тестот во просторија без мирис на кафе.

Резултатите покажаа дека групата во просторијата која мирисаше на кафе, постигна значително подобри резултати на тестот.

„Мирисот на кафе им помогна на луѓето подобро да одговорат на аналитичките задачи, што беше интересно“, рече водечката авторка на студијата, Адријана Маџаров.

Авторот на истражувањето им порача на работодавците дека тие практично можат да ги користат можностите во однос на суптилните мириси на кафе на работното место, што може да влијае на создавање на ново и поинакво опкружување, расположение, но и на продуктивноста на вработените пренесува bodyandsoul.com

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име