Дома Интересно Дали знаевте дека Дедо Мраз има официјално место на живеење? (фото)

Дали знаевте дека Дедо Мраз има официјално место на живеење? (фото)

1016
0

Градот Рованиеми во Финска се смета за официјална резиденција на Дедо Мраз, а во последните неколку години е омилена туристичка дестинација која секоја зима овозможува уникатно божиќно искуство.

Пред сто години, случаен минувач почнал да ја шири веста за планина на северот на Финска и постоењето на нејзините жители – Дедо Мраз и неговите сограѓани. Меѓутоа, Дедо Мраз сакал да го задржи својот дом во тајност, па се преселил во Рованиеми, па започнала легендата дека Дедо Мраз го посетува Арктичкиот круг во близина на овој град.

Од почетокот на милениумот, селото Дедо Мраз, кое е оддалечено неколку километри од споменатиот град, стана најспектакуларната божиќна дестинација, а популарноста на дестинацијата двојно го зголеми бројот на посетители. Бројот на меѓународни посетители е зголемен до четири пати во последните неколку години, надминувајќи половина милион.

Селото на дедото опремено со ресторани, ирваси, санки за кучиња, продавници и колиби со сауни стана популарно како локација која нуди врвно божиќно искуство.

Во исто време, се опишува како совршена локација за да се биде блиску до природата и друштвото на Дедо Мраз.

Селото нуди голем број интересни содржини – од дружење со ирваси, па дури и издавање „возачка дозвола“ за управување со овие животни, до посета на колибата и шумата на Дедо Мраз, уживање во разни специјалитети, но и набљудување на поларната светлина.

Нудиме разни видови тури, вклучувајќи уникатно снежно сафари, дружење со хаски и други животни во сопственост на Дедо Мраз и неговите џуџиња, често изјавуваат од селото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име