Дома Интересно Дали ги знаете: Откриваме десет необични факти за коњите…

Дали ги знаете: Откриваме десет необични факти за коњите…

925
0

Коњите се животни богати со историја. Со векови, тие биле статусен симбол на императори, кралеви и големи воени водачи, но и обични домашни животни за работа на терен и влечење товар.
Коњите се животни кои отсекогаш имале посебна врска со човекот. Без разлика дали биле користени како класични домашни животни за земјоделски работи и влечење тешки товари или како животни за војна, нивното благородништво секогаш било нагласено.Како такви, тие биле статусен симбол на императори, кралеви и големи воени водачи како Александар Велики и Сулејман Величествениот.

Напишани се многу текстови за коњите како брзи, силни и интелигентни животни.
Дали знаете?
Се проценува дека во светот има околу 75 милиони коњи – нема два идентични.
Коњите можат да спијат и во лежечка и во стоечка положба, сепак, можат да поминат само околу 40 минути на ден во лежечка положба. Тие спијат два до три часа; повеќе во лето отколку во зима.
Домашниот коњ живее во просек околу 25 години.
Коњите имаат поголеми очи од кој било друг копнен цицач.
Во просек, коњите галопираат со брзина од 44 км на час. Најголемата брзина забележана досега беше 88 км / ч.
Коњот има мозок со големина на компир.
Коњот ги врти ушите во правецот кон кој гледа.
Ноќе коњ гледа многу подобро од човек.
Коњ може да пие 38 литри вода на ден, и да произведува скоро иста количина на плунка.
Покрај тоа што ги бркаат мувите, коњите ги користат своите опашки за да ’знаат’ едни со други како се чувствуваат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име