Дома Ментална гимнастика Гатанки за деца: Има многу заби, но ништо не јаде, што е...

Гатанки за деца: Има многу заби, но ништо не јаде, што е тоа?

2218
0

За децата се користат гатанки за да развијат логично размислување, но и да разберат апстрактни концепти.

За вас подготвивме неколку интересни гатанки кои се подготвени за деца, а ќе им бидат интересни и на постарите членови на семејството.

Дали го знаете одговорот на следните гатанки:

Има многу заби, но ништо не јаде. Што е тоа?
Како да фрлите топка за да ја вратите во вашите раце?
Што е високо кога е младо и ниско кога е старо?
Како човек може да преживее 7 дена без сон?
Жолто богатство во белата куќа, без прозорци и врати, никој не може да влезе. Што е тоа?
Јас сум голем како куќа, а се плашам од мало глувче. Носот ми е до подот, дури и кога стојам. Кој сум јас?

Доколку не ви текнува да одговорите на овие прашања, погледнете ги решенијата…

Решенија

Има многу заби, но ништо не јаде. Што е тоа?

Па се разбира, тоа е чешел!

Како да фрлите топка за да ја вратите во вашите раце?

Треба да ја фрлите топката нагоре!

Што е високо кога е младо и ниско кога е старо?

Тоа би било свеќа!

Како човек може да преживее 7 дена без сон?

Со спиење во текот на ноќта.

Жолто богатство во белата куќа, без прозорци и врати, никој не може да влезе. Што е тоа?

Жолчка.

Јас сум голем како куќа, а се плашам од мало глувче. Носот ми е до подот, дури и кога стојам. Кој сум јас?

Јас сум слон!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име