Дома Здравје Газирана минерална вода е еден од оние пијалоци за кои кружат различни...

Газирана минерална вода е еден од оние пијалоци за кои кружат различни приказни

4954
0

Газирана минерална вода е еден од оние пијалоци за кои кружат различни приказни

Додека едни се колнат дека делува неверојатно добро на варењето, го решава проблемот со мачнините, мамурлакот и слично, други го избегнуваат, сметајќи дека гасовите се штетни за нивниот организам.

Најголемата заблуда е дека газираната вода го „киселува“ телото.

рН на желудникот е 1,5-3,5, затоа е неопходна кисела средина за варење. Пиењето негазирана вода со pH 7 ја намалува киселоста во желудникот, а пиењето газирана вода со pH 3,5 одржува кисела средина, која е неопходна за добро варење.

Затоа за варење и метаболизам најдобро е да се напиете чаши или две газирана вода после оброк.
Според клиничкото испитување објавено во 2002 година во Европскиот весник за гастроентерологија и хепатологија, газираната вода може да помогне во олеснување на запек и варење и може да ја подобри функцијата на жолчното кесе.

Може да здивнат сите оние кои до сега беа во дилема дали газираната минерална вода е здрава и дали има некакви ризици од нејзината консумација.

Газирана вода не е штетна по здравјето.

Покрај тоа што нашето тело полесно ги апсорбира минералите од водата отколку од храната, минералните води имаат и бројни лековити својства во зависност од составот и количината на минерали кои ги содржат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име