Дома Здравје Вртоглавица после станување: Лекарот објасни зошто се случува и на каква болест...

Вртоглавица после станување: Лекарот објасни зошто се случува и на каква болест може да укажува

881
0

Вртоглавица после станување: Лекарот објасни зошто се случува и на каква болест може да укажува

Обрнете внимание ако ова ви се случува често

Посета на лекар на прво место.

Д-р Џеф Фостер (Џеф), општ лекар во ОК, редовно одговара на прашањата на читателите и споделува бесплатни здравствени совети за Дејли Сан. Неодамна, еден загрижен читател кој има чести вртоглавици – чувство на вртење околу или во главата или губење на ориентацијата во просторот – му се пожали.

Непријатна состојба

  • Имам 45 години и секојдневно имам вртоглавици. Ако станам по долго седење, ми се врти многу, тешко се држам на нозе. Што ми се случува?

Д-р Фостер се обиде да објасни колку всушност е опасна вртоглавицата и на какви здравствени проблеми може да укажуваат.

  • Вртоглавицата може да биде многу непријатна, но навистина е симптом на основниот медицински проблем. Тоа може да биде предизвикано од нутритивни недостатоци, состојби на срцето и крвниот притисок, хормонални или проблеми со шеќерот во крвта, проблеми со увото, па дури и болести поврзани со мозокот – рече докторот и додаде дека посетата на лекар е прв приоритет.

Возачи, внимавајте

Научниците од Универзитетот во Калифорнија открија дека луѓето на кои често им се врти кога стануваат имаат 40 отсто поголем ризик од развој на деменција. Причината лежи во проблемот со нискиот крвен притисок што се јавува кога ќе станете, покажа студија на 2.000 луѓе над 12 години.

Најголемиот проблем настанува кога личност со неутврдени симптоми ќе се најде зад воланот. Како што кажа и самиот лекар, тоа може да предизвика сериозни последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име