Дома Интересно Во Анталија изградена е дрвена трикатна куќа со 64 соби за сместување...

Во Анталија изградена е дрвена трикатна куќа со 64 соби за сместување на мачки…

914
0

Во паркот Докум во турскиот град Анталија е поставена минијатурна дрвена трикатна куќа со 64 соби за мачки, кои се целосно опремени со се што е потребно за удобен и безбеден престој на овие миленици.


Општина Кепез соопшти дека паркот Докум, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научен центар, неодамна имал нови содржини што ќе гарантираат удобен престој на животните.


Канцеларијата за управување со паркот претходно направи 30 куќи за птици во Докум, а неодамна заврши и работата во градењето на оваа куќа за сместување на мачки.


Покрај сместувањето, поставени се и помали куќи, како и други објекти за мачки, како дел од еден вид „град на мачки“, пренесува агенцијата Анадолија.


Во исто време, властите на општината Кепез во Анталија ќе формираат болница за животни. Центарот за привремено сместување на бездомни животни ќе се трансформира во болница каде на животните ќе им се даде можност за лекување, рехабилитација и сместување.


Болницата за животни, исто така, ќе понуди услуга за брза помош, и ќе биде опремена со операциони сали, лаборатории за анализа на крв и единици за интензивна нега, рендгенски зраци, постоперативно закрепнување и дел од карантин.


Во паркот Минијатурна Турција, официјално отворен во април 2019 година, како дел од паркот Докум, се изложени 84 минијатури на површина од 10.000 метри.


„Градот на мачките“ официјално се отвори денес 17-ти февруари.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име