Дома Твој готвач Вкусна овесна каша со семе од чиа

Вкусна овесна каша со семе од чиа

1464
0


Кој вели дека здравиот појадок мора да биде монотон и досаден? Овие овесни снегулки со чиа семе и путер од кикирики се доказ дека здравиот појадок може да биде толку неодолив и вкусен!

Состојки:
1 чаша (2 dcl) овесна каша
2 лажици семе од чиа
3 сецкани урми
300 ml соја или какво било млеко од растително потекло
1 лажица путер од кикирики
Ако сакате, можете да додадете какао во прав (без шеќер) и цимет.

Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги во сад, покријте ги и оставете ги во фрижидер преку ноќ. Убаво промешајте и послужете во чинии или чаши. Украсете по желба со овошје или ореви. Уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име