Вкусен и сочен колач од моркови подготвен на вегански начин, без јајца и млеко, идеален и за тековниот пост.
Време на подготовка: до 20 мин
Број на порции: 4
Тешкотија во подготовката: Средна
Калории по лице: 627
Состојки:
250 гр моркови,
70 гр шеќер,
100 мл растително масло,
60 мл сок од портокал (природен свеж),
2 лажички кора од портокал,
125 гр полу бело пченично брашно,
1 лажичка цимет мелен,
1 лажичка прашок за пециво,
1 прстофат сода бикарбона,
1 прстофат сол,
60 гр ореви, сурови,
За глазурата,
0,50 чаша шеќер во прав,
1,50 лажици сок од портокал (природен свеж),
0,50 лажичка екстракт од ванила,
Подготовка:
Излупете и ситно изрендајте го морковот и измешајте го со шеќер, масло, сок од портокал и изрендана кора од портокал.
Во посебен сад добро измешајте ги брашното, циметот, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта.
Малку запечете ги оревите во сува тава, а откако ќе се оладат исечкајте ги на помали парчиња.
Мешајте ја течната смеса во мешавината на суви состојки и измешајте ги колку што може да се соединат состојките. Потоа додадете ги и сецканите запечени ореви.
Истурете ја добиената смеса во плех обложен со мрсна хартија и печете на 180 ° C 30-40 минути.
Додека колачот се пече, подгответе ја глазурата изматете го сокот од портокал и екстрактот од ванила во шеќерот во прав со жица за матење.
Кога колачот малку ќе се излади, прелијте го со глазурата.