Дома Твој готвач Вистински летен намаз направен од јогурт, фета и сушени домати

Вистински летен намаз направен од јогурт, фета и сушени домати

328
0

Вистински летен намаз направен од јогурт, фета и сушени домати
ПИШУВА Дамира Ковачиќ


Започнете го денот со вкусен и миризлив намаз…
Намазот од фета и суви домати има прекрасен вкус и боја, а за подготовка се потребни помалку од десет минути . Послужете го на тост леб за појадок или употребете го како сос – со сад полн со крекери.

Состојки:

200 гр грчки јогурт
50 гр распарчено фета сирење
30 гр суви домати во масло (исцедени)
1 лажица масло во кое се чувале доматите
малку црвена пипер
2 лажици сечкан свеж босилек

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во повеќенаменски миксер. Смесата треба да биде компактна, но не како пире.
Послужете веднаш или чувајте го во фрижидер во затворена тегла.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име