Дома Здравје Виното го намалува ризикот од артритис

Виното го намалува ризикот од артритис

933
0

Виното го намалува ризикот од артритис.

Три чаши вино неделно може да ви помогнат да ги заштитите зглобовите од ширење на артритис, да го спречите автоимуниот одговор на телото и другите воспалителни процеси, заклучила шведската студија спроведена на 34.000 жени на возраст меѓу 39 и 84 години.

Жените кои умерено уживаат во црвеното вино уште пред развојот на оваа автоимуна болест, односно борбата на организмот против инфекциите, го намалуваат ризикот од артритис за повеќе од 50 отсто.

Иако не постои лек кој ги спречува воспалителните процеси, туку само методи за ублажување на болката, научниците потврдија дека немаат сознанија како поголема количина на алкохол влијае на воспалените зглобови.

Сепак, потврдено е дека повеќе од три до четири чаши вино неделно генерално би му наштетиле повеќе на здравјето на жените отколку на придобивките, велат истражувачите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име