Дома Нега и убавина Видеото прегледано 3 милиони пати: Најдоброто решение за мрсна коса, одобрено од...

Видеото прегледано 3 милиони пати: Најдоброто решение за мрсна коса, одобрено од лекарите

1327
0

Видеото прегледано 3 милиони пати: Најдоброто решение за мрсна коса, одобрено од лекарите

На Tiktok се почесто може да се најдат интересни предлози за убавина – пред се идеи за шминка, но и решенија за бројни проблеми кои ги мачат жените. Истото важи и за – мрсната коса!

Понекогаш тие се појавуваат како резултат на експериментирање, но кога лекарите ќе ги потврдат, сите сме заинтересирани, нели?

Затоа видеото на популарната Бамби, која успеа да се ослободи од мрсната коса, е прегледана повеќе од три милиони пати. Наслагите од себум кои прекумерно се лачат ја уништуваат секоја фризура, а уште полошо е што мртвите клетки остануваат на скалпот. Тикокерка Бамби употреби пена за лице која содржи салицилни киселини и постигна одлични резултати.

Нанесува пена десет минути пред миење и добро ги масира корените. Посебно внимание треба да се посвети на работ на косата до лицето. Потоа измијте ја косата како и обично и нанесете регенератор. Нејзин совет е да нанесувате пена со салицилна киселина еднаш или двапати неделно.

Ако не можете да набавите специјализиран производ за коса, слободно користете лосиони за кожа со оваа состојка.

Бамби доби многу позитивни коментари за нејзиното видео со салицилна киселина, а најголемо внимание привлече д-р Соња Корана. „Оваа состојка е добар пилинг, може да го омекне кератинот кој природно се наоѓа на кожата и ги затнува порите. Затоа, слободно користете го и на вашата коса, бидејќи ќе го ослободите вишокот на себум.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име