Дома Здравје Брзо до витка линија: Користете ленено брашно за чистење на цревата

Брзо до витка линија: Користете ленено брашно за чистење на цревата

1047
0

Еве како…

Експертите веруваат дека лененото брашно е поздраво и поефикасено од лененото семе, па затоа се препорачува семето да се меле во електрична мелница за кафе пред да се консумира.

Можете да користите ленено брашно секојдневно на различни начини во вашата исхрана:

Додадете една лажица ленено брашно во вашиот појадок.
Кога подготвувате сосови, додадете една лажица ленено брашно
Помешајте една лажица ленено брашно со 25 мл кефир или јогурт
Додадете малку ленено брашно во леб или тесто за колачиња.

Со оглед на тоа дека лененото брашно е богато со влакна, се препорачува секогаш да се консумира со многу течност.

Побрз начин до рамен стомак:

Ако се обидувате да изгубите тежина или да ги подобрите вашите навики во исхраната, лененото брашно треба да биде една од намирниците кои редовно се вклучени во вашата исхрана. Лененото брашно е богато со хранливи материи, има бројни лековити својства и е одлична замена за белото брашно.

Не содржи глутен и е идеален за луѓе на кои глутенот им предизвикува здравствени проблеми. Често се користи за подобрување на варењето и ублажување на запек. Може да помогне и во намалување на лошиот холестерол и на тој начин да го подобри здравјето на срцето и крвните садови.

Лененото брашно е богато со влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Содржи дури 25%, од кои 12% е специјална слуз која го намалува холестеролот. Здравото црево е патот до рамен стомак. Лененото брашно има лаксативно дејство, а со тоа ги чисти цревата од наслаги и токсини и го поттикнува растот на добрите бактерии.

Содржи и лецитин, кој помага во разградувањето на нездравите масти во дигестивниот тракт, а влакната и слузот ги врзуваат за себе и ги елиминираат од телото, спречувајќи го нивното задржување во организмот.

25% од лененото семе се состои од високо употребливи протеини со целосен профил на аминокиселини. Лененото брашно, исто така, го снабдува телото со витамини од групата Б, калиум, магнезиум и цинк – неопходни за слабеење.

Лененото семе е најбогат природен извор на лигнани – супстанци од растително потекло кои имаат голем број на лековити својства.

Лигнаните спаѓаат во групата на природни фитоестрогени со силни антиоксидантни, антитуморни, антивирусни, антигабични и антибактериски својства, кои исто така имаат исклучително позитивно влијание врз здравјето на мозокот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име