Денес е денот во годината кога задолжително на првиот ден од Велигденските пости – чист понеделник се подотвува посен грав односно бел грав на вода…
Состојќи:
1/2 кг бел грав,
250 гр кромид,
1 морков,
1 сушена пиперка,
2 лажици брашно,
1 лажица пипер,
сол .
Подготовка:
Навечер гравот потопете го во вода за да преноќи.
Исцедете го следниот ден, истурете уште една вода и оставете да зоврие.
Повторно исцедете го и истурете вода колку да се натопи.
Додадете сечкан кромид, морков, сув пипер и варете додека гравот добро не се свари.
Промешајте го брашното во малку вода, додадете малку пипер, па сето тоа измешајте го во зовриениот грав, посолете по вкус и тргнете го садот од оган.