Дома Живот Утре е Бадник: Еве што треба да има на трпезата и зошто...

Утре е Бадник: Еве што треба да има на трпезата и зошто семејството МОРА да биде заедно!

3658
0

Утре е Бадник. Сите се подготвуваме за Бадниковата вечера која симболизита сплотеност на целото семејство. Бадник се карактеризира со традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството. Но, зошто да јадете одредена храна? Што претставува таа? Што не смееме да пропуштиме од вашата маса за време на оваа вечера?

Многу етнолози ја нагласуваат важноста на традиционалното мени за време на Бадник.

Имено, овој настан ги собира сите членови на семејството, а многу обичаи се однесуваат и на одредени јадења кои мора или не смеат да се јадат, а се добива впечаток дека носат одредено симболично значење. За бадниковата вечера се подготвува посна трпеза. Од јадењата се прави лебче со паричка, грав, кисела зелка, сарми, пита, риба, тиква, оревите се задолжителни, костени и секаков вид суво овошје. Секое јадење на Бадниковата трпеза си има свија симболика.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Но, на Бадник не само храната, туку и пијалоците имаат симболична улога. Еден од обичаите е дека не смееме да пиеме ракија или вино, односно садот да не се остави празен, а последната чаша да се врати.

Знаеме дека виното симболизира крв, па овој обичај е многу јасен, особено ако се додаде фактот дека виното од трпезата не смее да се истури или фрла.

Никој не станува за време на оброкот, семејството се чека, а само кога сите ќе завршат со ручекот, стануваат во исто време, па затоа е многу важно семејството да биде заедно и обединето во овој период.

На тој начин Бадник е одредено чествување на нашите предци на кои многу им должиме, но и потсетување колку во него е важно семејството и хармонијата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име