Дома Здравје Ако страдате од опстипација (запек), посегнете по овие 8 намирници

Ако страдате од опстипација (запек), посегнете по овие 8 намирници

1424
0

Иако постарите лица се повеќе склони кон запек, овој проблем не е единствен само за нив и е најчестото дигестивно нарушување на сите возрасти.

Лаксативите можат да имаат силен ефект врз вашиот дигестивен систем, така што можат да го ублажат запекот или да промовираат правилна функција на цревата. За среќа, постојат многу намирници кои делуваат како лаксатив, а ние ви го пренесуваме најдоброто од нив.

  1. ЧИА СЕМЕ
    Конзумирањето само две лажици од ова семе обезбедува приближно 11 грама влакна и е првиот избор кога страдате од запек. Истражувањата покажуваат дека зголемениот внес на влакна ја омекнува столицата и ги чисти цревата.
  1. БОРОВИНКИ
    И ова супер овошје е одличен извор на растителни влакна, па тие делуваат како благ лаксатив.
  2. МЕШУНКИТЕ
    Грав, леќа, грашок… и овие намирници содржат доволна количина на влакна, па ќе ја поттикнат работата на цревата.
  3. ЛЕНЕНО СЕМЕ
    Лененото семе е богато со масла (омега-3) и протеини, а е познат природен лаксатив кој се користи и при хроничен запек.
  1. ЗАЧИНИ
    Биберот, кимот, циметот, ѓумбирот се посилни намирници со интензивни вкусови и го поттикнуваат телото да се исчисти.
  2. САЛАТИ
    Храната богата со растителни влакна како зелената салата е еден од најдобрите пријатели на доброто варење. Пред спиење направете си сад за здравје со зелена салата.
  3. КЕФИР
    Кефирот е полн со хранливи материи и пробиотски култури, па позитивно влијае на варењето, без разлика што не содржи влакна.
  4. ЗЕЛЕН ЧАЈ
    Една од придобивките од здравиот зелен чај е и стимулирање на варењето. Поради одредената количина на кофеин што ја содржи, го поттикнува метаболизмот да работи побрзо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име