Дома Здравје Ако не сте пробале чај од Магдонос, време е…

Ако не сте пробале чај од Магдонос, време е…

1104
0

Речиси секој го користи коренот и листовите од магдоносот во кујната бидејќи е одличен и свеж зачин и додаток на многу јадења. Но, листовите од магдонос може да се користат и за правење чај, кој има бројни здравствени придобивки.

Скромниот магдонос е еден од најдобрите природни лекови кој обезбедува богатство од витамини и минерали. На пример, богат е со витамини А, Е и Ц, кои придонесуваат за зачувување на видот, ја прават косата поубава, ја подобруваат меморијата и го зајакнуваат имунитетот.

Во традиционалната медицина магдоносот се користи за повеќе намени: го отстранува непријатниот здив, се препорачува во лечење на анемија, ги ублажува менструалните болки и грчеви, го намалува нивото на лошиот холестерол, го намалува крвниот притисок, помага во лекувањето на ревматоиден артритис, го забрзува закрепнувањето од настинки и вирусни инфекции и помага при закрепнување од породување.

Поради големата количина на супстанции кои делуваат како антиоксиданси , магдоносот ги штити нашите клетки од оштетување и спречува појава на многу болести.

Чајот од магдонос особено се препорачува за слабеење бидејќи содржи високи концентрации на витамини и минерали неопходни за одржување на здравјето и силен имунитет. Покрај тоа, го зголемува нивото на енергија, што е корисно за луѓето кои се на нискокалорична диета.

Чајот од магдонос ефикасно ќе го отстрани вишокот вода од телото и ќе обезбеди видливи резултати, но тоа не е случај кога станува збор за масните наслаги – за тоа ќе треба редовно вежбање и регулирање на исхраната.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име